Google минатите неколку месеци од YouTube почнал да ги отстранува екстремистичките видео-содржини кои не прикажуваат насилство или заговараат омраза, објавил во понеделникот “YouTube”, што претставува значајно “скршнување” од досегашната политика на компанијата.
Во новата политика опфатени се и видео-содржините во кои се прикажуваат поединци и групи кои САД или Британија ги прогласиле за терористички, а во нив нема насилства и говор на омраза.
Претставник на “YouTube”, кој поради безбедност не сакал да биде именуван, потврдил дека станува збор за нова политика на компанијата, но не сакал да каже од кога ќе почне да се применува.
“YouTube” од порано на познати терористи им забранува објавување на видео-содржини, а со новата политика сака да опфати и други милитанти кои би се обиделе да го направат истото.
Меѓу отстранетите снимки се стотина видеа од убиениот Анвар ал_авлаки, кој регрутирал нови припадници на Ал Каеда со своите предавања за историјата на исламот. Станува збор за снимки кои настанале многу пред да почне да повикува на насилства против САД.
Владите и организациите за заштита на човековите права, со години вршат притисок на ЈуТјуб да ги отстрани сите содржини поврзани со екстремистите бидејќи сметаат дека таквата пропаганда ги радикализира гледачите и придонесува за смртоносните терористички напади.
ЕУ и САД оваа година се заканиле на некои компании кои не реагираат, а Германија во јуни усвоила Закон кој предвидува парични казни за социјалните мрежи кои не отстрануваат веднаш говор на омраза, кои се движат и до 50 милиони евра.