Ако на Instagram досега не ви беше доволна опцијата да можете да следите брендови или луѓе кои ги делат истите интереси како вас, односно имаат нешто што ве интересира, можеби новата опција која ја тестира социјалната мрежа е токму тоа што ви треба. Со оглед на тоа дека на Instagram се се сведува на популарната #hashtag ознака, логично е покрај пребарување на хаштагови да се овозможи и следење на истите.
Секако вашите објави ги зиначувате со повеќе хаштагови врзани за фотографијата, а тие кои ве интересираат ги пребарувате со помош на #hashtag ознаката, па овој потег на Instagram, сепак, е логичен. Иако одреден број корисници веќе ја доби тест опцијата и може да следи кој било хаштаг, од Instagram не објаснуваат мнгоу дали ова е само почетна фаза која наскоро ќе се прошири на глобално ниво. Но, ако се анализира нивниот начин на тестирање во минатото, најголем број аналитичари се сложуваат дека е само прашање на време кога опцијата ќе биде достапна за сите корисницви на социјалната мрежа.
Извор: Zimo.hr