Паркинзите за велосипеди се многу битни за јавните простори во големи градoви, но нели би било практично да не се гледаат кога нема да се користат? Индустрискиот дизајнер Милоу Берг од Холандија креираше нови паркинзи за велосипеди кои „исчезнуваат“ внатре во тротоарите кога не се користат. Како што пренесува Mashable, новите паркинзи беа презентирани на Dutch Design Week во октомври годинава, а се викаат Align.
Наменети се да се отвори повеќе простор на јавните простори како маркети, концерти и некои настани, а истовремено да се понуди безбедно место за чување на велосипедите. „Јавните површини во градските центри се пренатрупани и исполнети со функционални предмени како што се паркинзите за велосипеди. Одејќи низ центар забележав дека во одреден период од денот нема паркирани велосипеди, додека во друг има премногу. Почанв да размислувам како би можел просторот да се искористи на различен начин во различен период од денот” објаснува Берг.
Паркингот за велосипеди на Берг се појавува само кога корисникот го остава велосипедот. Посебен механизам ја регистрира тежината на велосипедот. Предното тркало пропаѓа и го подигнува задниот дел, каде што се заклучува задното тркало. Кога ќе се отстрани велосипедот, паркингот веднаш го снемува под земја.