Ford и kалифорниската компанија Ekso Bionics започнаа пилот-проект за користење на егзоскелети на производните линии на автомобилскиот производителот. Од компанијата пресметале дека секој работник ги крева рацете во просек од 4.600 пати на ден или милион пати годишно, а распоредувањето на помошни уреди ќе помогне да се намали заморот и ризикот од повреди.
Егзоскелетот Ekso Bionics, наречен EksoVest, тежи 4,3 кг. и е наменет за употреба во фабрики, градилишта и магацини. Ја зголемува силата на рацете и oвозможува да ги прилагодите напорите за одржување за 2 до 7 кг.
Првиот EksoVest ќе го добијат работниците во две американски фабрики на Ford. Во подоцнежна фаза ќе започнат испитувања за користење на егзоскелетот во фабриките на компанијата во Европа и Јужна Америка.