Western Digital го претстави својот прв PCIe 4.0 SSD наречен WD_BLACK SN850, што ветува брзина на читање на податоци до 7000 MB/s и брзина на запишување на податоци до 5300 MB/s.
BLACK SN850 е NVMe M.2 SSD диск, дизајниран за гејмери, за кој компанијата тврди дека ќе постигне врвни PC перформанси (применливo на 1TB модел) и дека оптимизираниот SSD со G2 контролeр е посоодветен за користење во игри што бараат помоќен хардвер. Компанијата, исто така, во првиот квартал од следната година ќе понуди модел со RGB осветлување и проводник на топлина.
WD_BLACK SN850 ќе биде достапен во капацитети од 500 GB, 1TB и 2TB, со почетна цена од 150 долари за моделот со 500 GB без проводник на топлина.
Покрај ова, Western Digital претстави и PCIe 3.0 x8 SSD Add-in Card и Thunderbolt 3 SSD док.
WD_BLACK AN1500 е PCIe Gen3 x8 дополнителна картичка со брзина до 6500 MB/s за читање и до 4100 MB/s за запишување на податоци, на моделиѕе од 2TB и 4TB, а сето тоа благодарение на двојното интерно SSD решение во RAID 0 конфигурација. Постои и прилагодливо RGB осветлување, а достапните капацитети се 1TB, 2TB и 4TB, со почетна цена од 300 долари.