Лансирањето успеа дури во петтиот обид, но мина без ниту еден проблем.
Компанијата SpaceX на милијардерот и иноватор Елон Маск од Кејп Карневал лансираше ракета од типот Falcon 9, која во земјината орбита ќе достави уште 60 сателити од типот Starlink.
Лансирањето успе дури во петтиот обид, но мина без ниту еден проблем.
Доставувањето на нови 60 сателити од типот Starlink е дел од планот на SpaceX, Земјата да ја окружи со сателити кои ќе овозможат пристап на интернет ширум планетата.
Интересно е дека при изработката на ракетата Falcon 9, што денеска ги достави сателитите во орбитата, биле користени делови од ракети кои веќе биле користени во други мисии.
Исто така, на пример, половина од деловите кои го сочинуваат „носот“ на ракетата се рециклирани од претходните медиуми, а погонскиот дел од ракетата за денешната мисија веќе е користен во две претходни мисии.