Се сугерира дека OnePlus е подготвен да претстави уште еден член на својата Nord линија телефони, што овој пат ќе користи Qualcomm Snapdragon 690 чипсет. Наводно е во прашање Nord N10 5G, со цена од околу 400 долари.
Сега се појави и тизер за телефонот што е објавен на Instagram профилот на OnePlus Nord. Од објавата не можат да се извлечат премногу информации, а претходно се појави сертификатот за 18W полнач на телефонот. Исто така, претходно беше споменато дека смартфонот би требало да има 6GB RAM и 128GB простор за складирање.
Nord N10 би можел да биде објавен со 90Hz FHD+ екран, а очекуваната дијагонала е 6.49 инчи. Главната камера на задната страна би требало да има 64MP сензор, со 8MP ултраширок сензор. Ќе постои и 2MP макро и сензор за длабочина.
Објавата на OnePlus Nord N10 телефонот се очекува подоцна во текот на октомври, заедно со уште неколку други уреди.