Lenovo го претстави ThinkPad X1 Nano, најновиот модел во рамките на премиум ThinkPad X1 семејството. Досега ThinkPad X1 Carbon беше најлесен модел во рамките на споменатата линија, но сега оваа титула ја презема ThinkPad X1 Nano.
Лаптопот е тежок 962 грама, што го прави најлесен ThinkPad досега, а покрај тоа доста делови на уредот се модернизирани. Тука се и 16:10 дисплејот со големина од 13 инчи, со
Dolby Vision HDR поддршка и резолуција 2160 x 1350p.
ThinkPad X1 Nano пристигнува опремен со 11. генерација Intel Tiger Lake процесори и Irix Xe графика на компанијата. Присутен е Thunderbolt 4, побрза меморија, а во доменот на конекцијата лаптопот нуди и опција за 5G, прв пат во рамките на ThinkPad серијата.
Лаптопот задржува TrackPoint во тастатурата, а самиот уред е креиран од јаглеродни влакна. Lenovo ThinkPad X1 Nano пристигнува во текот на четвртиот квартал оваа година, по почетна цена од 1399 долари.