Најновиот графички приказ на НАСА покажува дека опасноста од топење глечери е поголема од што се мислеше досега.
Фотографиите покажуваат колку се спушта грендланското копно во вода и дека на длабочина водата е топла. Новата карта која НАСА ја изработи во соработка со 30 научни институции, го покажува морското дно под ледениот глечер.
Два до четири пати поголем број глечери допираат под површината на морето, а тоа е лоша вест, бидејќи површински 200 метри вода доаѓа од Артикот, која е прилично ладна, но водата на поголеми длабочини доаѓа од јужните краеви и е потопла за 4 степени Целзиусови.
Глечерите на овој дел може побрзо да се стопат и тоа во наредните 100 години, а нивото на морето би можело да порасне за 7.42 метри, седум сантиметри повеќе од првичните очекувања.
Резултатот покажува дека во иднина постои поголема опасност од климатските промени отколку што се знаеше и очекуваше досега.