Microsoft неодамна ја лансираше иницијативата Nealthcare NExT, со цел да ги спои вештачката интелигенција (AI), здравствените истражувања и експертизата на нивните индустриски партнери за овозможување поздрав живот на луѓето и лечење на болести.
Сега, тие ја прошируваат оваа иницијата во истражувањата поврзани со канцерот, со надеж за пронаоѓање на лек или ефективен третман за болеста. Microsoft приоѓаат на ова како технолошка, а не здравствена компанија, а нивните истражувања се одвиваат во една од лабораториите во Кембриџ, Англија.
Минатата година, група истражувачи од таму откриле дека работат на развивање на компјутерски систем кој би живеел во човечките клетки и би се рестартирал доколку бидат детектирани канцерогени клетки со тоа чистејќи го организмот од нив. Други проекти вклучувале користење на машинско учење за подобрување на скенирањето тумори, подобро организирање на податоците на пациентите и откривање на подобри третмани.
Откривањето на лек за канцерот е амбициозна цел бидејќи не постои и тешко дека некогаш ќе постои универзален лек кој би делувал на сите врсти и мутации на оваа болест, но со вклучување на гигант како Microsoft во овој процес може само многу да се добие, а ништо да се изгуби.