EIZO го претстави својот прв ултраширок, закривен монитор под името FlexScan EV3895. Мониторот е дизајниран за да ги задоволи потребите и работните стилови на професионалците, нудејќи широк закривен екран што ја подобрува продуктувноста со голем број практични функции.
Мониторот има 37,5-инчен IPS панел, со 3840х1600 пиксели резолуција (24:10 однос), 5ms G2G одзив, стапка на освежување од 60Hz и агли на гледање од 178 степени. Контрастот од 1000:1 и 300 нита осветлување му овозможуваат на 8-битниот панел да покрие 94% од DCI-P3 спектарот на бои и 100% од sRGB спектарот.
Благодарение на PbyP (Picture-by-Picture) функцијата и шест PbyP пресети, мониторот може да прикаже три различни видео сигнали во истиот момент, со различен распоред на екранот.
Од приклучоците се присутни USB-C 3.1 порт (DP alt. мод), DisplayPort и два HDMI порта. Тука се и 2x USB-B 3.1 upstream порта, 4x USB-A downstream приклучока и еден RJ-45 порт. Мониторот има два интегрирани 1W звучника и стерео mini-jack.
EIZO FlexScan EV3895 ќе биде достапен од ноември во црна и бела боја, а компанијата не ја објави цената на мониторот.