Никогаш не е лесно да се дојде до моментот да се угаси некој производ или алат, бидејќи тоа може да влијае на навиките на голем број корисници. Тоа сега и се случува на компанијата Mozilla. Таа одлучи до крајот на оваа година да ги угаси своите два помалку познати производи.
Првиот е Firefox Send, алат претставен во 2017. година за делење на екнриптирани фајлови. Оваа алатка е доста популарна меѓу Firefox корисниците, па одлуката за нејзиното гаснење е можеби изненадувачка. Сепак, претходно оваа година, Mozilla објави дека одредени корисници почнале да го користат Send за phishing напади и за испраќање на малвер, по што овој алат е исклучен. Тогаш е објавено дека ќе се работи на негово подбрување, но очигледно е дека во меѓувреме е донесена поинаква одлука.
Втоарата алатка што ќе биде изгасена е Firefox Notes. Алатот изникна од Test Pilot програмата на компанијата и претставуваше нов начин за синхронизирање на енкриптираните податоци. Кога е завршена Test Pilot програмата, алатката го продолжи својот живот во Firefox и Firefox for Android аплиакциите.