Изгледа дека на компанијата Apple нема да и биде лесно да го имплементира 5G во следната iPhone линија. Индустриските извори сега сугерираат дека само еден iPhone 12 модел ќе поддржува mmWave 5G, иако претходните извештаи тврдеа дека двата Pro модела ќе ја имаат оваа поддршка.
Сега се истакнува дека само поголемиот iPhone 12 Pro Max има доволно простор во него да бидат сместени дополнителни антени што се потребни за контрола на сигналот од висока фреквенција (26-28 GHz). Покрај тоа, mmWave има поголема потрошувачка, така што помалите батерии на iPhone моделите што не се Pro нема да бидат доволни за поддршка.
Од друга страна, сите iPhone 12 модели (вклучувајќи ги оние без Pro во името) ќе поддржуваат sub-6 5G конекција.
Кога е во прашање mmWave, поддршката за овој стандард не е моментно ни достапна во сите земји, па поради тоа mmWave моделот ќе го добијат само САД, Јужна Кореја и Јапонија. Останатите региони ќе ја добијат sub-6 5G верзијата на телефон.
Се очекува дека Apple во текот на октомври ќе ги претстави новите iPhone 12 модели, а можно е дека Pro Max со mmWave ќе пристигне нешто подоцна.