На 10. Скопје постер фестивал ќе гостуваат дизајнери кои ќе остават длабок впечаток кај нашите креативци. Фестивалот ќе се одржи помеѓу 14 и 25 ноември, со главни настани помеѓу 14 и 19 ноември. Изложбите ќе можат да се погледнат до 25 ноември.
Оваа година Скопје постер фестивалот ќе понуди посебно, јубилејно дизајнерско искуство. Настаните ќе се одвиваат на 5 различни локации. Главна музејска локација – Музеј на град Скопје, забавна програма – „Твинс“, „Брик бар“, ресторан „Фор“. Конференциска локација и место за одржување на работилниците ќе биде хотел „Парк“ и Спа (позади Градскиот стадион).
Работилници за калиграфија и плакати, минимал дизајн, работилница за курирање и пишување критика за дизајн, како и изложби на 10. Скопје постер конкурс, изложба на плакати од минатогодишните победници, специјална изложба од жири-членовите со афтер-забава…се само дел од содржините кои ќе бидат понудени над креативното небо на Скопје.
Отворени се повиците за учество во работилниците и дизајн конференцијата. Учеството во сите работилници не се наплатува, додека конференцијата од неформален опуштен карактер ќе биде понудена на дизајнерите, креативци индивидуалци и сите уметници и лубители на дизајнот.