Иако месеци не делат од објавата на новата Samsung Galaxy S21 линија телефони, гласините за овие уреди се појавуваат уште од април. Сега се појавија нови информации за камера системот на уредот, поточно за главната камера.
Гласините сугерираат дека Galaxy S21 Ultra ќе го користи новиот ISOCELL Bright HM2 сензор, со резолуција од 108MP. Овој наследник на оригиналниот Bright HM1 сензор неодамна беше споменат на Twitter, од дојавувачот Ice Universe, што укажува на тоа дека информациите би можеле да бидат точни.
Секако, не би требало да се заборави дека многу може да се промени кога е во прашање следната Galaxy S линија. Претходно се сугерираше и можноста за користење на BOE OLED панелите на уредите, доколку ги поминат тестовите за квалитет.