Иако има најголем пазарен удел во сегментот на веб-прегледниците, Chrome е познат по тоа дека троши доста ресурси, посебно кога се во прашање батериите на лаптопите. Google веќе некое време пробува ова да го исправи, како на маркетиншко, така и на техничко ниво, а преттсојната функција би можела да биде додадена на листата карактеристики кои помагаат во зачувувањето на траењето на батеријата.

Една Chrome експериментална функција им овозможува на сајтовите да „сугерираат“ режим за заштеда на батеријата. Не е познато како ова конкретно ќе функционира, но веб-страниците ќе можат да користат специјални кодови и тагови за да означат дали сакаат Chrome да ја оптимизира батеријата или процесорот.

Ова би можело да им овозможи на веб апликациите за видео конференции да работат колку што е потребно, а при тоа да не трошат премногу ресурси. Chrome ќе може да го намали фрејмрејтот на страницата и да ја забави работата на скриптите, за да заштеди на CPU циклусот и да се намали потрошувачката.

Она што е најбитно, новиот систем ќе им овозможи на веб-страниците да ги прилагодат перформансите во зависност од тоа дали корисникот го вклучил режимот за заштеда во рамките на оперативниот систем. Ова ќе овозможи апликациите (посебно Progressive Web Apps) да станат посвесни за модовите за заштеда на батеријата во оперативниот систем.