Првата регистрирана руска вакцина против коронавирус го носи називот на првиот земјин вештачки сателит. „Спутник-1“ ги поттикна вселенските истражувања во целиот свет, а новата руска вакцина против вирусот COVID-19 го има „ефектот на „Спутник““, истакнуваат авторите на називот. Дваесет земји веќе нарачаа преку милијарда дози од оваа вакцина.
Како што соопштува агенцијата РИА „Новости“, вакцината го добила името според првиот вештачки сателит на Земјата кој 1957 година беше лансиран во СССР.
„Спутник-1“ ги поттикна вселенските истражувања во целиот свет. Новата руска вакцина против вирусот COVID-19 го имаше во меѓународната заедница „ефектот на „Спутник“. Поради тоа и го доби називот „Спутник V“, истакнуваат авторите на називот.
Министерството за здравство на Русија издаде на 11 август потврда за регистрација на вакцина за спречување на новата инфекција од вирусот COVID-19. Вакцината ја направи Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Академик Н. Ф. Гамалеј“.
Руската вакцина против коронавирусот за граѓаните ќе биде пуштена во оптек на 1 јануари 2021 година. Од Министерството за здравство на РФ соопштуваат дека вакцината создава имунитет што трае две години.
Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека неговата ќерка ја примила оваа вакцина во фазата на тестирање.
20 земји веќе се обратија до Русија со прелиминарни нарачки за вакцина против COVID-19.
Раководителот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев изјави дека во моментов се бараат околу една милијарда дози.
„Во странство гледаме огромен интерес за руската вакцина што ја направи институтот „Гамалеј“. Од 20 земји добивме прелиминарни нарачки на повеќе од милијарда дози на вакцината“, го цитира Дмитриев агенцијата ТАСС.
Според него, заедно со странските партнери Русија е веќе подготвена да обезбеди во пет земји производство на преку 500 милиони дози вакцина за година дена.
„Планирано е дополнително да ги зголемиме производствените капацитети“, додаде Дмитриев.