Благодарение на изворниот код врзан за самиот уред познати се деталите за новиот паметен телефон Pro 7, од кинеската компанија Meizu. Новиот модел би требало да пристигне на пазарот со MediaTek Helio X30 процесорот, што е произведен во 10-нанометарски процес и има 10 процесорски јадра. Тука е и двојната задна камера (комбинација од сензорите на Sony IMX386 и IMX286), како и предната 16-мегапикселна камера со сензорот на Samsung, S5K368.
Екранот и натаму би требало да биде базиран на AMOLED технологијата баш како и кај претходниот модел, со тоа што се споменува и опцијата Dual Display, што може да упатува на постоење на дополнителен помал дисплеј (како кај моделот HTC U Ultra или во LG V серијата уреди) или пак некоја варијанта на „Always-on” екран. Гласините говорат дека самиот екран би требало да биде закривен во стилот на ударните модели на Samsung.