Ракетата носач Falcon денеска успешно стартуваше со партија од 57 сателити за распоредување на мрежа за глобално интернет поврзување наречена Starlink, соопштија од SpaceX.
Стартот се случи во 1:12 по источно американско време (7:12 централно европско) од Канаверал на Флорида.
Претходно во орбитата беа испратени 58 сателити. Покрај сателитите, ракетата треба да изнесе две мали вселенски апарати за далечинско сондирање на Замјата Global 5 и Global 6 на американската компанија BlackSky.
Starlink е нова генерација сателитски систем којшто, ако успешно заработи, може да обезбеди широкопојасен пристап до интернет за многу луѓе низ целиот свет.