Во својата последна објава на „Инстаграм“, Илон Маск им покажал на своите милиони следбеници фотографија од тунелот што се конструира под Хоторн, Калифорнија, во рамките на „Боринг Ко.“ По месеци конструкција, ова е прв увид во тунелот што Маск одлучи да го сподели со јавноста.
На фотографијата јасно се гледаат ѕидовите на тунелот и патеката. Исто така, се гледаат горните цевки, каблите и системите за осветлување. Претходно Маск потенцира дека компанијата „Боринг“ му е хоби, но изгледа за него хоби претставува редефинирање на јавниот транспорт.
Процесот „Боринг“ почна минатиот декември кога Маск даде забелешки за пропустите во сообраќајот во Лос Анџелес. Во јануари оваа година тој објави дека идеите за олеснување на сообраќајот се реализираат. Замислата е електрични лизгалки да пренесуваат возила и вагони со луѓе со брзина од над 240 километри на час, а лизгалките ќе ги заменуваат тунелите за излез и влез. Има голема разлика со метроата, кои застануваат на секоја станица, без разлика дали патниците ќе слегуваат или не.
Маск и неговата компанија добиле дозвола за копање во Мериленд. Тунелот ќе биде околу 17 километри долг и ќе ја поврзува линијата Балтимор – Вашингтон Парквеј. Се смета дека ова ќе биде појдовна точка за патот Вашингтон – Њујорк, со други станици во Балтимор и Филаделфија.
Очигледно некои идеи што пред одредено време изгледале како научна фантастика сега со иницијативата на Илон Маск почнуваат да се реализираат.