Бидете продуктивни, поврзани и здрави со паметниот часовник и безжични слушалки на новата генерација

Компанијата Samsung на виртуелниот настан Galaxy Unpacked ги претстави — новиот паметен часовник Galaxy Watch3 и безжичните слушалки Galaxy Buds Live. Galaxy Watch3 е најиновативниот паметен часовник досега, со уникатен изглед и со многубројни опции за здравје и велнес, додека безжичните слушалки Galaxy Buds Live со ергономскиот, стилски дизајн, претставуават технолошки напредок на полето на квалитетот на звукот.

Galaxy Watch3 и Galaxy Buds Live ќе бидат совршени асистенти во реализирањето на дневните обврски. Двата уреди лесно се поврзуваат со останатите Samsung иновации од Galaxy екосистемот, кои им помагаат на корисниците да го оддржуваат здравјето и кондицијата, но и да останат во контакт со пријателите или колегите.

„Паметните часовници и безжичните слушалки, како уреди на современото доба, напредуваат со голема брзина. Во последните неколку месеци, забележавме голем раст на пазарот бидејќи на корисниците дефинитивно им помагаат во добата на новата нормалност. Кога го претставивме првиот паметен часовник пред седум години, станавме светски лидер на ова поле. Затоа денес се посветивме на тоа на корисниците да им понудиме, нови, уште посовремени уреди, кои се прилагодени на нивните потреби. Освен врвното искуство, корисниците секогаш од нас очекуваат напреден дизајн и иновативни технологии, нешто на кое посветивме посебно внимание“, изјави TM Roh, претседател и директор за развој и истражување во одделението за ИТ и мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics.

Galaxy Watch3 – часовник што го чува здравјето и го олеснува секојдневието

Изработен од врвни материјали како не’рѓосувачки челик и кожа со висок квалитет, Galaxy Watch3 одговара на секоја рака. За прв пат, часовникот ќе биде достапен и како титаниум модел, кој е истовремено и издржлив и елегантен. Популарната ротирачка рамка на паметниот часовник ќе го изненади секој корисник со спојот на функционалноста и добриот стил, додека со завртување на главата на часовникот, се стартуваат апликациите и се отвораат известувањата. Во споредба со оригиналниот Galaxy Watch паметен часовник, Galaxy Watch3 и покрај поголемиот дисплеј, е 14% потенок, 8% помал и 15% полесен. Исто така, корисникот може да избере од над 80.000 теми или да дизајнира своја автентична, со помош на 40 различни додатоци за персонализирање на приказот на информациите.

Galaxy Watch3 е унапреден со нови функции за оддржување и следење на здравјето. Корисникот преку апликацијата Blood oxygen (SpO2) може да ја провери заситеноста на кислородот за време на тренингот. Во случај на потежок физички пад, Galaxy Watch3 ќе го детектира истиот и ќе прати SOS нотификација на одбраните контакти со цел на корисникот веднаш да му се укаже помош.

Стекнувањето на дневна рутина за тренинзите не е лесна задача, а во тоа од голема помош ќе бидат многубројните Samsung опции за лична кондиција. Со помош на алатките за анализа на трчањето, корисникот добива моментална информација за време на џогирањето, како и пропратни извештаи, кои ќе помогнат во подобрување на кондицијата и намалувањето на потенцијалните повреди. Покрај тоа, уредите наскоро ќе бидат опремени и со анализа на VO2 податоци за потрошувачката на кислородот. Со апликацијата Samsung Health, на корисниците ќе им биде на располагање збирка од повеќе од 120 различни видео вежби. Сè што ќе биде потребно да направат е да го одберат тренингот на Galaxy паметниот телефон и да ги споделат фотографиите на екранот на Samsung Smart Телевизорот, додека Galaxy Watch3 автоматски го следи и анализира вежбањето. Уште од 2014. година, Samsung развива можности за прикажување на повратни информации за одморот по вежбањето, поради што Galaxy Watch3 доаѓа со најновите алатки за анализа на спиењето, за подобар, поквалитетен сон.

Високото ниво на поврзување помеѓу паметниот часовник и останатите Galaxy уреди, вклучувајќи го и Galaxy Note20, овозможува мноштво додатни опции за уште помоќно корисничко искуство. На часовникот можно е да се подесат автоматски одговори за сликовни и текстуални пораки, или отворање на фотографии на зглобот на раката. Со користење на ротирачката рамка корисникот може да пушта музика, а со едноставно поместување на раката, како што е стискање и опуштање на дланката или свртување на зглобот, ќе може да одговори на повик или да одбие повик. За корисниците кои не сакаат да го носат телефонот со себе на тренинг, достапни се и LTE модели на часовникот, кои самостојно овозможуваат повици, репродукција на музика и користење на апликации во движење.

Galaxy Buds Live – музичка рапсодија во секој момент

Единствениот и ергономски дизајн на Galaxy Buds Live безжичните слушалки, внимателно е создаден за сечие уво, со цел да се постигне удобност во текот на целиот ден. Samsung во потполност го промени изгледот на слушалките со вертикална ориентација на компонентите наместо хоризонтална. Безжичните слушалки можат дополнително да се персонализираат со различни големини на врвовите.

Со комбинацијата на AKG звукот и иновативноста на компанијата Samsung, Galaxy Buds Live ќе им овозможи на корисниците невидено аудио искуство. Со звучник од 12 mm и зајакнувач на бас, музиката ќе звучи длабоко и богато. Трите микрофони и единицата за гласовни команди осигуруваат најголем квалитет на снимање и управување со гласот за време на повик, додека фукнцијата Active Noise Cancellation (ANC) ќе ја ограничи позадинската бучност.

Galaxy Buds Live безжичните слушалки лесно и без напор се поврзуваат со голем број на уреди, без потреба за повторно спојување по престанокот на користење. Кога се вмрежени со најновите Galaxy уреди, овие слушалки можат да се користат како безжичен микрофон за кристално јасно снимање на звукот во видео записите на Galaxy Note20 уредите. Освен тоа, во гејминг режимот на работење се намалува доцнењето на звукот, па во комбинација со AMOLED 2X екранот на Galaxy Note20 паметниот телефон се создава совршено искуство при играње на видео игри. Дополнително, со функцијата Buds Together, корисникот со леснотија ќе може да ја споделува омилената музика со пријателите, без губење на квалитетот на звукот.

За поточна и попрецизна навигација, Galaxy Buds Live безжичните слушалки се унапредени и со интиутивниот PUI (physical user interface) интерфејс чувствителен на допир, како и Bixby гласовните команди за репродукција на музика, стартување на апликации или праќање пораки без движења на рацете и очите. Исто така, Galaxy Buds се опремени со долготрајна батерија која ќе издржи и до 6 часа работење, додека преносниот полнач овозможува дополнителни 15 часа со неколку дополнителни полнења. Кога е потребно брзо полнење, за само 5 минути батеријата ќе биде подготвена за 1 час репродукција.

Достапност

Galaxy Watch3 паметниот часовник ќе биде достапен на домашниот пазар од 7. август 2020. година, во големини од 41 и 45 милиметри, во LTE и Bluetooth верзии. Galaxy Watch3 од 41mm ќе биде достапен во бронзена и сребрена броја, додека Galaxy Watch3 од 45mm ќе биде достапен во сребрена и црна варијанта. Galaxy Watch Titanium ќе биде достапен подоцна во текот на годината.

Galaxy Buds Live безжичните слушалки ќе бидат достапни од 21. август, во бронзена, бела и црна боја, во зависност од достапноста кај поединечните партнери.

За повеќе информации за Galaxy Watch3 и Galaxy Buds Live посетете ги:

Galaxy Watch3: https://www.samsung.com/mk/wearables/galaxy-watch3-r850/SM-R850NZDAEUF

Galaxy Buds Live: https://www.samsung.com/mk/wearables/galaxy-buds-live-r180/SM-R180NZNAEUG