WhatsApp воведе нова опција која ви дозволува да избришете порака која не сте сакале да ја пратите. Пораката ќе биде избришана од вашиот, но и од уредот на примачот.
Оној кој требало да ја прими пораката ќе добие само текст „This message was deleted“ (Оваа порака беше избришана) и нема да може да ја прочита оригиналната порака која сте ја пратиле. Но, оваа опција работи само ако размислувате брзо. Имате само 7 минути од моментот кога сте ја пратиле пораката да размислите дали сакате да ја избришете. После тоа, останува трајно во разговорот.
За да го направите ова, мора да се осигурате дека вие и примачот ја имате најновата верзија на апликацијата WhatsApp.
За корисниците на iPhone, само задржете подолго на пораката која сакате да ја избришете и потоа од мини-менито кое ќе се појави, притиснете „Delete“ и потоа „Delete for everyone“. А за корисниците на Android ќе може да се обележат и неколку пораки одеднаш, и потоа постапката е истата. Најпрво треба да се притисне „Delete“, па потоа „Delete for everyone“.
Засега оваа опција не е пуштена кај сите корисници бидејќи компанијата сака да направи тест на оваа можност, но ако таа се покаже како корисна, за кратко време ќе биде достапна за сите корисници.
Извор: Mondo.rs
Поврзани артикли