Пандемијата на коронавирусот ги направи видеоигрите уште попопуларни, бидејќи милиони луѓе и натаму се дома и бараат забава. Поради тоа, распродадени се залихите на конзолата Nintendo Switch Lite.
Nintendo Switch Lite е тешко да се набави уште од март по ерупцијата на коронавирусот, која ја зголеми побарувачката за конзоли, но и донесе проблеми во снабдувачките синџири.
Сепак, на почетокот на април Switch Lite полека почна да се враќа на полиците, а беше можно да се купи преку Amazon, GameStop, Best Buy и Target, но залихите брзо пресушија.
Switch Lite чини 200 долари и не може да се спои на ТВ уредот, бидејќи тоа е опција на поскапиот Switvh од 300 долари. Како и да е, залихите на двата модела се распродадени.