Twitter извести за резултатите во вториот квартал кои се под очекувањата на аналитичарите кога станува збор за приходите и над очекувањата кога станува збор за бројот на активни корисници.
Twitter објави дека дошло до „умерено закрепнување“ во работењето со рекламите во споредба со март. Но, приходот од реклами сепак е намален за 23 проценти во однос на минатата година.
Акциите на Twitter пораснаа за повеќе од 5 проценти во претпродажбата по објавувањето на извештајот.
Приходите изнесуваа 683 милиони долари, во однос на 707 милиони, како што очекуваа аналитичарите во истражувањето на Refinitiv.
Бројот на активни дневни корисници за монетизација изнесуваше 186 милиони во однос на очекуваните 172,8 милиони.