Една од најпопуларните платоформи за групно финансирање, Indiegogo, отвори своја веб продавница Indiegogo Marketplace, каде што ќе се продаваат производите за кои се организирале успешни кампањи.
Во Marketplace ќе може да се купуваат и да се продаваат многу уникатни иновативни производи кои претходно можеле да се нарачаат само во рамките на кампања за собирање средства. Може да се рече дека Indiegogo ќе стане некој вид на Amazona или eBay за производи кои собрале пари преку кампањи.
Од Indiegogo велат дека не сакаат да се задржат само на производи кои биле дел од успено реализирани кампањи на платформата, туку ќе прифаќа и други под услов да се иновативни и да не може да се купат на ниедно друго место.
Извор: Vidi.hr