Визуелниот уметник Сеан Доран направи свое видео од кометата Неовајс, што се наоѓа и се движи меѓу Сонцето и Земјата.
„Земете ладно освежување, изгасете светло, раскомотете се, сместете се удобно и префрлете го ова на голем екран. Уживајте во пијалакот!“, напиша Доран под видеото на Инстаграм.
Боб Бенкен, астронаут на Меѓународната вселенска станица, за весникот „Њујорк тајмс“ објаснува како тој и неговите колеги биле во можност да ја видат кометата во мај.
– Неовајз е релативно блиску до Сонцето, така што требаше да биде доволно оддалечена за сончевата светлина да не нѐ заслепува (при набљудувањето)… Пред зора, точно пред Сонцето да се појави пред нас, кометата беше видлива во тој кус временски период, иако се уште беше блиску Сонцето, што, пак, се уште беше скриено зад Земјата. Тоа беше, просто, прекрасна и уникатна глетка!, раскажува Бенкен.
Кометата Неовајс прв пат е забележана на 27 март. Таа деновиве ќе биде видлива и за Земјаните, а најблиску до нашата планета ќе биде на 22 јули, наведуваат од НАСА.