Јужнокорејската компанија Samsung почна преговори со конкурентската компанија LG за набавка на LCD ТВ екраните, среде најавената транзиција кон производство на нова генерација на квантни екрани (QDD), јави агенцијата Јонхап.
Оваа најава за можна соработка доаѓа откако Samsung објави дека ќе го запре производството на LCD-екраните од 2021 година и ќе започне со производство и инсталирање на QDD-екрани на своите телевизори.
Економските аналитичари проценуваат дека овој деловен договор меѓу Samsung и LG би можел да вреди околу 850 милиони долари.
Иако овие две компании се конкурентНи на светскиот пазар, претходното искуство покажа дека тие можат успешно да соработуваат бидејќи во 2017 година Samsung купи 65 и 75-инчни екрани од компанијата LG.