Qualcomm го најави својот најнов следен чипсет, со целосно име Snapdragon 865 Plus 5G Mobile Platform. За чипсетот се појавуваа гласини веќе некое време, со оглед на тоа дека се верува дека ќе биде дел од премиум смартфоните на Samsung подоцна во текот на летото.
Како што беше случај и со Snapdragon 855 Plus чипот минатата година, нема многу да биде променето во однос на актуелниот Snapdragon 865. Чипсетот и натаму го користи Kryo 585 CPU, со тоа што брзината на такто на Prime јадрото е зголемен на 3.1GHz. Adreno 650 GPU исто така доби подобрување на брзината за околу 10 проценти.
Третото и финално подобрување е дека новиот SoC има FastConnect 6900, кој е објавен во мај. Ова вклучува Wi-Fi 6E на новиот 6GHz опсег, со брзини до 3.6Gbps и пониска латенција со Bluetooth 5.2. Qualcomm ветува квалитет на гласот и звукот како преку кабел, со помош на безжичната конекција која ќе ја нуди FastConnect 6900.