Јужна Кореја прави одлична работа во борбата со пандемијата на коронавирусот, а додека експертите предупредуваат на вториот бран на зараза, владата смисли интересен метод за апел до граѓаните.
Новиот метод подразбира светлосно шоу со дронови, одржано над реката Хан во Сеул. Како што пренесува The Verge, десетминутното шоу било одржано на 6. јуни, а учествувале преку 300 дронови.
Целта била да им се изрази благодарност на медицинските лица за нивниот труд за време на пандемијата, како и да се потсетат граѓаните да ги мијат рацете, да го почитуваат социјалното дистанцирање и да носат заштитни маски.
Шоуто заврши така што дроновите ги формирале границите на Корејскиот полуостров со порака граѓаните да бидат весели.