Изворот наведува дека GeForce GT 1030 ќе стигне во продажба на 17. мај по цена од околу 80 евра.
Се чини дека GeForce GT 1030 на крај ќе има нешто послаби спецификации од она што најпрвин се мислеше. Кон крајот на април стигнаа првите информации врзани за оваа графичка картичка и тогаш беше посочено дека картичката ќе има 512 CUDA јадра. Но, сега стигнуваат информации дека бројот на CUDA јадра, сепак, ќе биде помал и дека GT 1030 ќе има 384 CUDA јадра.
Изворот наведува дека основната брзина на GPU (Pascal GP108) ќе биде 1.227 MHz, додека со помош на Boost технологијата, максималната брзина ќе изнесува 1.468 MHz. Во пофготовка се и нешто посилни модели како KFA2 GT 1030 2GB EXOC White што ќе има нешто поголема брзина на GPU – основна од 1.252 MHz и Boost од 1.506 MHz. Понатаму, се споменува 64-битниот мемориски интерфејс на 2 GB GDDR5 VRAM. Брзината на меморијата ќе биде 6.000 MHz.
Бидејќи картичката нема да има преголеми егергетски барања, нема да има дополнителни напонски конектори, туку целата енергија за работа ќе ја црпи од PCIe влезот. Од видео излезите, GeForce GT 1030 ќе има само по еден HDMI i DVI-D izlaz. Изворот наведува дека GeForce GT 1030 ќе стигне во продажба на 17. мај по цена од околу 80 евра.