Главниот архитект за графичките картички на Intel, Раја Кодури објави фотографија од производи, кои би можеле да бидат Xe графичките карти, со опис BFP или big fabulous package.
Претстојните Intel XE GPU се дизајнирани во распон од интегрираните графички картички до премиум сегментот. Фотографијата која е објавена на Twitter, наводно ги прикажува различните членови на Xe GPU семејството. Чипот во горниот десен агол би можел да биде single-chip, додека моделот од левиот агол би можел да биде dual-chip. На крајот, чипот во дното би можел да биде quad-chip.
Се очекува дека интеловата одлука да користи архитектура со повеќе чипови ќе биде од голема корист за дата центрите. Останува да се види како ова ќе се одрази на потрошувачките PC чипови, бидејќи е можно дека мулти-чип пристапот би можел да доведе до зголемена латенција.
Intel се уште не го објавил датумот на претставување на Xe графичките картички, кои се уште се во фаза на тестирање.