Тим од британски археолози откри праисториски споменик под земја во близина на Стоунхенџ и тврдат дека тој би можел да помогне во разоткривањето на потеклото на мистичниот круг од камења во југозападниот дел на Англија.
Истражувачи од неколку британски универзитети, предводени од Универзитетот во Брaдфорд, истакнаа дека локацијата се состои од најмалку 20 големи столбови во дијаметар од десет метри и долги пет метри, распоредени во круг во дијаметар од два километри.
Новата локација се наоѓа во Дарингот Волс, каде е откриено неолитско село, на оддалеченост од два километра од Стоунхенџ.
Научниците веруваат дека столбовите се закопани пред околу 4.500 години и можат да означуваат граница на светото подрачје или граница околу кружниот споменик Дурингтон волс хендџ.
Во Велика Британија има многу споменици со кружни камења, што датираат од пред неколку илјади години, чија намена се уште не е позната.
Најпознат меѓу нив е Стоунхенџ, прочуениот круг од столбови изграден помеѓу 3.000 година и 1.600 година пред новата ера, кој е една од најпознатите туристички атракции во Велика Британија.