Конзолата Switch на Nintendo е многу популарна, но сепак не е идеална за мултиплеер игрите поради малиот екран од само 6,2 инчи. Но, сега пристигна решение за тој „проблем“.
OJO Portable Projector Dock овозможува приказ на игрите на подлога до 150 инчи. Како што говори самото име, станува збор за док со вграден проектор.
Неговите димензии се 172x80x70 мм, односно исти како и оригиналниот док на конзолата. Поседува батерија која што трае четири часа, а се полни преку USB порт. Покрај тоа, OJO е и резервен извор на енергија за конзолата.
Проекторот прикажува слика со резолуција од 845х480 пиксели со јачина од 200 лумени. Иако ова не звучи импресивно, сепак не е лошо за забава.
OJO Portable Projector Dock го зголемува и звукот на конзолата Switch со помош на својот стерео систем на два звучници. Исто така поседува и AUX порт за спојување со ектерни звучници, а за ладење на конзолата се користат вентилатори.
OJO Portable Projector Dock поседува и HDMI порт кој што може да се поврзе со различни уреди, од телевизори до таблети и блуреј плеери.
Кампањата на сервисот Indiegogo започнува на 24-ти октомври, а ако се оди според планот, OJO Portable Projector Dock ќе им биде достапен на гејмерите веќе во февруари идната година.
Извор: Klix.ba