Во Барселона е отворена првата јавна куќа со роботи-проститутки, а нејзиниот сопственик, Серџи Прието, постојано добива бизарни барања од клиентите. Повеќето од нив бараат роботите да им ги исполнат фантазиите за силување или за секс со деца. Според Прието, во неговата јавна куќа може да биде исполнета секоја сексуална фантазија бидејќи роботите-проститутки можат да се програмираат на сите можни начини.
На почетокот клиентите најмногу барале „покорни“ секс-роботи, но потоа почнале да пристигнуваат барања за симулација на силување и секс со деца, односно роботи кои наликуваат на што е можно помлади деца. Прието вели дека таквите барања ги одбива.
Локацијата на јавната куќа е тајна, а клиентот ја дознава дури откако ќе плати 120 евра за да користи некој од роботите.