Се работи за мал спортски авион, комплетно напојуван од батерија за кој Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) ги исполнува највисоките стандарди за безбедност во летањето.
Од компанијата изјави дека во некои сегменти ова летало има далеку подобри безбедносни карактеристики од конвенционалните летала. Инженерите на компанијата уште од 2007 година работат на развој на електрични летала, а со овој успех сметаат дека направиле историја.
Авионот наречен Velis Electro веќе се произведува за купувачи во седум држави, а од Pipistrel најавуваат дека првично ќе се изработат 31 авион.
– Сертификатот кој го добивме е првиот чекор кон комерцијална употреба на електрични авиони, а ова е есенцијално доколку сакаме еколошки авиосообраќај. Се работи за многу, а за разлика од другите, нашиот не произведува штетни гасови, изјави основачот и извршен директор на Pipistrel, Иво Баскарол.
Дел од словенечките медиуми објавувајќи за овој успех напишаа дека со овој електричен авион, Pipistrel ги претркал гигантите Boeing и Airbus.