SpaceX минатата недела ги испиша страниците на историјата, по успешното лансирање на ракетата Falcon 9 и нејзиното спојување со ISS. Ова беше обележано како огромен чекор во комерцијализацијата на патувањето во вселената, но и за самата компанија SpaceX и нејзините идни мисии.
А кога оваа компанија ќе испрати луѓе на Месечината еден ден, тие би можеле да земат со нив и Cybertruck lunar роверот на „Тесла“. За разлика од оригиналот, овој лунарен ровер ќе има три оски, со тркала што ќе му овозможат да се врати во место, и мора да признаеме дека се чини многу предизвикувачки.
View this post on InstagramA post shared by CHARLIE AUTOMOTIVE (@charlieautomotive) on
На шасијата се додадени масивни гуми, засилени се светлата, како и комуникациската антена.
SpaceX досега нема објавено никакви официјални соопштеија за развој на лунарниот ровер за идните планирани мисии, но не е невозможно тие да размислуваат за тоа.
Извор: PC Press.rs
Поврзани артикли