Huawei во својата P Smart линија телефони додаде уште еден уред –  Huawei P Smart S. Смартфонот го покренува Kirin 710F чипсет, во комбинација со 4GB RAM и 128GB простор за складирање. Тука е и доделениот слот за NM картички, кој овозможува проширување на интерната меморија за 256GB.

P Smart S го користи Android 10 со EMUI 10.1 кориснички интерфејс, но нема поддршка за Google Mobile Services (GMS). Корисниците ќе мораат да се потпираат на Huawei Mobile Services (HMS) и AppGallery за преземање на апликации.

Смартфонот има 6,3-инчен OLED дисплеј со FullHD+ резолуција, под кој е сместен смстен сензор за отпечатоци од прсти за биометриска верификација. За фотографирање, P Smart S користи вкупно четири камери: 16MP селфи од предната страна и 48MP главна камера на задната страна, со 8MP ултраширок и 2MP сензор за длабочина.

huawei2_247.jpg

Телефонот го напојува 4000mAh батерија, која преку USB-C портот се полни со брзина до 10W. Останатите карактеристики на телефонот вклучуваат Wi-Fi 802.11a/b/g/n/ac, Bluetooth 5.0, 3.5 мм приклучок за слушалки и NFC поддршка.

Huawei P Smart S пристигнува во Breathing Crystal и Midnight Black опции на бои, по цена од 260 евра. Во прашање е ребрендираниот Enjoy 10s модел, наменет за глобалните пазари.