Samsung накратко ја имаше активна страницата за поддршка за претстојниот Galaxy Watch 3, на својот јужнокорејски сајт, но набрзо беше отстранета.

Единствената информација која страницата ја прикажуваше е бројот на модел на уредот (поточно четири модели): SM-R840NZKAKOO/SM-R840NZSAKOO за паметниот часовник од 41 мм и SM-R850NZDAKOO/SM-R850NZSAKOO за верзијата од 45 мм.

Сепак, дознавме одредени спецификации за Galaxy Watch 3 уредот, благодарение на претходната NBTC сертификација. Куќиштето ќе биде прекриено со Gorilla Glass XD(!) заштита, часовникот ќе има 5ATM водоотпорност и MIL-STD 810G сертификат за издржливост.

Верзиите на паметниот часовник од 41 и 45 мм ќе имаат LTE варијанти, а сите модели пристигнуваат со GPS поддршка. Galaxy Watch 3 ќе има сензор кој ја очитува работата на срцето, а веројатно и мерач на крвиот притисок.

Гласините од неодамна сугерираат дека Galaxy Watch 3 ќе биде претставен на почетокот на август, во рамки на настанот во текот на кој Samsung ќе ја објави и Galaxy Note20 серијата и Galaxy Fold 2 телефоните.