Големи се шансите во последно време да ги миете рацете повеќе отколку порано, меѓутоа за да не морате константно да мислите за тоа, Samsung за корисниците на својот Galaxy часовник разви апликација која ќе мисли за вас.
Дизајнирана за дијапазонот уреди Galaxy Gear и Watch, апликацијата Hand Wash ги потсетува корисниците да ги мијат рацете во воедначени интервали во текот на денот. Компанијата на почетокот на 2020. година направи студија на University College во Лондон, во која се тврди дека шест до десет пати дневно е оптимално да се мијат рацете, со додавање на миењето по одење во тоалет и пред јадење.
Поради тоа, алармот на секои два часа ќе ве известува за тоа дека е потребно да се мијат рацете, иако е тоа можно да се подеси на интервал по ваша желба. Кога сте над садоперот, вртењето на уредот покренува одбројување од 25 секунди, што го претставува времето потребно да помине до завршување на миење на рацете. Со оглед на тоа дека сите Galaxy часовници се водоотпорно, не е потребно да го вадите, и тоа може да биде многу корисно. Покрај тоа, часовникот мери и анализира колку често сте ги миеле рацете во текот на неделата.