Следниот модел од линијата Galaxy Note би требало да добие значајна опција која Apple наводно не можел да ја вметне во iPhone X поради проблеми со производството.
Кога ќе се појави на пазарот во втората половина од наредната година, Samsung Galaxy Note 9 би требало да добие сензор за оптички читач на прсти сместен под дисплејот.
Што значи ова за нас? Па, нема да мораме да го гаѓаме читачот за прсти сместен на точно одредената позиција, туку за отклучување на смартфонот ќе биде доволно да се притисне со прст било каде на дисплејот.
Оваа опција Apple се обиде да ја вметне во iPhone X, но мораше да се откаже поради прекратките рокови за подготовка и производство. Наместо тоа, воведе Face ID со нова технологија за препознавање на лице која е базирана на постоечките 3D сензори.
Извор: Tportal.hr