Додека гледате Instagram Stories, повремено ќе наидете на реклама или две. Најголем дел од Instagram видео снимките од IGTV се задржаа без реклами, но се очекува дека тоа ќе се промени. Иако на корисниците кои не сакаат реклами тоа може да им биде незгодно, за креативците кои сакаат да заработат за живот од креирање IGTV видео записи ќе биде добра вест.
Во најавата Instagram откри дека рекламите се ќе појавуваат на IGTV видеата, што би можело да биде добра работа за креативците. Тоа е затоа што Instagram ќе го дели приходот од реклами слично како што YouTube го дели приходот од реклами со своите автори. Ова Instagram би го направило поодржлива алтернатива на YouTube.
Според Instagram: „Од следната недела воведуваме реклами на IGTV, нашата долгометражна видео дестинација. Сакаме да го поддржиме вложувањето на авторите во IGTV така што со нив ќе го делиме приходот од рекламирањето. IGTV рекламите во почетокот ќе се појавуваат кога луѓето ќе кликнат да ги погледнат IGTV видео записите од прегледот во feed-от. Видео рекламите ќе бидат направени за мобилните уреди и до 15 секунди должина“.