Компанијата Apple најави отворање на околу 100 свои продавници во САД, објави Reuters.
По прогласувањето на пандемија од коронавирус, раководството на Apple нареди затворање на своите продавници низ целиот свет.
На почетокот на мај, во зависност од епидемиолошката состојба, Apple полека почна да отвора продавници во САД, прво во Алјаска, Ајдахо и во Алабама.
Според ново воведените сигурносни процедури, пред влезот во продавниците на Apple, на клиентите и вработените им се мери температура, тие се должни да носат заштитни маски кои ги обезбедува компанијата во случај клиентот да нема и да одржуваат пропишано растојание.
Своите објекти во Кина, Apple започна да ги затвора уште во јануари, а започна со повторно отворање на истите кон средината на март. Во исто време, во средината на март, по прогласување на пандемија, компанијата ги затвори сите свои продавници низ целиот свет.
Само еден месец подоцна, средината на април, Apple започна да ги отвора своите продавници во светот, прво во Јужна Кореја, а потоа и во Европа, Азија и САД.