Веќе не е непознато дека еден од најчестите показатели дека сте заразени со коронавирус е губењето на сетилото за вкус и/или мирис, а утврдено е дека овој симптом најчесто се јавува кај помладите лица, дури и кај оние кои немаат никаков друг симптом како висока телесна температура, кашлица, респираторни тегоби…
Д-р Вивиен Ли која веќе со месеци редовно известува за новите сознанија за Ковид-19 на својот Твитер профил, неодамна објавила твит во кој објаснува дека едно 27-годишно момче без симптоми, 4 дена откако било тестирано позитивно развило и аносмија (губење на мирисот) и агеузија (губење на вкусот).
„Снимките покажуваат оток на олфакторниот булбус и на нив се гледа како изгледа по 7 и по 24 дена од дијагнозата. Станува збор за билатерален едем на олфакторниот булбус кој е поврзан со Ковид-19”, напишала оваа докторка од Охајо.
Asymptomatic 27 yo who 4 days after diagnosis of #COVID19 developed anosmia & dysgeusia. MRI showed olfactory bulb edema. Repeat MRI 24 d after diagnosis showed resolution. Bilateral transient olfactory bulbs edema during COVID-19-related anosmia https://t.co/p99qSXKEcr pic.twitter.com/3SOPcsdiHg
— Vivien Lee MD FAAN (@VivienHLee) May 22, 2020
Олфакторниот или мирисниот булбус е всушност задолжен за примање на мирисите, долг е околу 1,2 центиметри и е со дебелина од 1 центиметар. Центриран е некаде помеѓу очите, односно на средината на главата.
Овие два симптома, Светската здравствена организација на 18 мај ги смести и на официјалната листа на симптоми.
Познато е дека вирусите кои предизвикуваат настинка можат да доведат до пост-инфективно губење на мирисот, а над 200 различни вируси влијаат на инфекциите на горните дишни патишта.
Извор: Kurir.rs