Познатата апликација Centr чиј сопственик меѓу другите е и актерот Крис Хемсворт е наменета за здрав живот, фитнес, исхрана и промена на секојдневните навики кон подобро.
Апликацијата како и многу други нуди Trial, односно бесплатен пробен период од шест седмици, по што започнува наплатата за користење доколку корисникот во меѓувреме не одлучи да ја откаже.
Ова е пракса на многу апликации – да се внесе бројот на картичката и личните податоци на почетокот на користењето, но да не се врши наплатата додека трае пробниот период.
Сепак, апликацијата Centr од некоја причина измамила илјадници корисници на кои веднаш им била наплатена членарина од една година, иако бил понуден бесплатен пробен период. На многу луѓе ширум светот им биле наплатени 99 долари за годишна претплата, што го навлече бесот на корисниците, посебно на оние кои имале намера да ја избришат апликацијата.
The Verge пренесува дека Centr се согласиле да им ги вратат парите на некои од корисниците, но дури после бројните мејлови кои корисниците ги замениле со тимот за корисничка поддршка. Некои не добиле одговор, а ретко кој размислува тужба затоа што за таа сума не вреди да се плаќаат трошоци за адвокат на стартот од процесот.
Од Centr се уште го немаат коментирано овој случај, ниту пак е објаснето зошто апликацијата извршила наплата кога корисниците бесплатно ја користеле. Моментално, периодот за бесплатно користење на апликацијата од шест седмици е скратен на само седум дена.