BlackBerry се подготвува да го претстави нивниот втор смартфон со дисплеј на допир во периодот од две години, а сега на интернет се појави и неговата прва фотографија.
Минатата година, BlackBerry го претстави DTEK50 кој за нив го произведе компанијата TCL, а сега се подготвува за претставување на BlackBerry Krypton.
Што се однесува до спецификациите, се шпекулира дека ќе има екран со резолуција од 1080р и батерија од 4.000 mAh.
Официјалните информации и останатите детали нема да ги чекаме уште многу време, бидејќи неговото претставување се очекува наскоро.