Илон Маск објави на социјалната мрежа X дека неговата компанија xAI развива своја онлајн енциклопедија наречена „Grokipedia“, со која планира да се натпреварува со веб-страницата Wikipedia.
Маск тврди дека новата платформа ќе биде „големо подобрување“ во однос на веб-страницата Wikipedia, која тој постојано ја критикуваше како пристрасна, објавува PC Mag.
Идната „Grokipedia“ ќе се потпира на четботот Grok, кој, според Маск, е способен да ја анализира содржината на страниците, да препознава вистини, полувистини и неточни информации, а потоа да ги корегира со додавање на „недостасувачки контекст“.
Маск не прецизираше кога би можела да биде лансирана „Grokipedia“, но се очекува да привлече корисници кои го делат неговото мислење за тоа дека Wikipedia е финансирана од донации.
Основачот на Wikipedia, Џими Велс, тврди дека неговата платформа е посветена на точноста на информациите и предупредува дека мрежата на Маск X се соочува со сериозни обвинувања за ширење дезинформации.
Wikipedia е седмата најпосетена веб-страница во светот и се потпира на работата на стотици илјади волонтери, но Маск се надева дека ќе ја промени состојбата на пазарот.