Јапонија постави нов светски рекорд за брзина на интернет – 1,02 петабити во секунда, или околу милион гигабити секоја секунда.
Рекордот го поставија јапонскиот Национален институт за информатичка и комуникациска технологија (NICT) и „Сумитомо Електрик“, кои го објавија достигнувањето кон крајот на мај.
За да ги ставиме 1,02 петабити во секунда во перспектива, да го искористиме примерот за тоа како би можеле да го преземете целиот Netflix за помалку од една секунда.
Со овие брзини, можете да преземате и големи видео игри од 150 GB во трепкање на окото – нешто за што повеќето од нас можат само да сонуваат.
За да го постигнат ова, тимот научници користел специјален 19-јадрен оптички кабел наместо еден, што им овозможило да пренесуваат податоци во повеќе паралелни текови на растојание од 1.800 километри. За споредба, тоа е речиси исто растојание како од Лондон до Рим.
Исто така, растојанието не влијае негативно на брзината, така што ќе можете да стримувате и да играте колку што сакате без да губите квалитет.
Сепак, мора да се напомене дека оваа рекордна брзина на интернет моментално не е јавно достапна – постигната е во лабораториска средина и нема детали за тоа кога или дали оваа технологија ќе се користи комерцијално.