Сопственикот на Pornhub, Redtube и YouPorn планира да престане да прикажува содржина за возрасни на корисниците во Франција почнувајќи од утре попладне, во знак на протест против владините мерки што бараат проверка на возраста на посетителите, објави Politico.

Платформите во сопственост на Aylo Freesites ќе прикажат порака со која ќе ја објаснат својата одлука до француската јавност, вклучително и изјава дека не сакаат да ја компромитираат приватноста на своите корисници, изјавија денес претставници на компанијата за новинарите.

Порнографските платформи се законски обврзани да воведат системи за проверка на возраста до 7 јуни. Ограничувањето е дел од мерките што ги воведе француската влада во 2023 година за заштита на малолетниците од несоодветна содржина.