Илон Маск го насочи своето внимание кон федералните работници и организации, преку неговото одделение DOGE.

Платформата X на Маск (поранешен Twitter) сега ги блокира линковите на Signal.me – URL што го користи услугата за размена шифрирани пораки Signal, која се користи за да им овозможи на луѓето брзо да контактираат со другите.

Федералните работници го користеа Signal за тајно да пријават релевантни и опасни активности.

Секој што ќе се обиде да објави врска на Signal.me во директни пораки, јавни објави или на страницата на нивниот профил, ќе добие порака за грешка со известување дека тоа е автоматизирано барање и врската ќе биде одбиена.

Корисниците кои се обидуваат да ги отворат постоечките врски на Signal.me добиваат порака дека врската за која станува збор е небезбедна и тие можат да го игнорираат предупредувањето и да одат на страницата до која води врската.

Маск работи со претседателот Трамп на намалување на бројот на федерални работници, а само на 14 февруари 9.500 беа отпуштени.