Според протечените информации, Doom: The Dark Ages би можел да биде објавен веќе на 15-ти мај оваа година.
Новото продолжение на Doom е шутер во прво лице создаден во соработка помеѓу Bethesda и id Software кој ветува дека ќе ги однесе играчите на извонредно патување. Иако се уште нема официјален датум, информациите како и секогаш протекуваат насекаде.
Најавата за играта првпат беше објавена во јуни 2024 година и беше објавена како продолжение на Doom Eternal. Иако деталите за наративот на играта не се откриени, фановите знаат за играта.
Темата ќе биде средновековна, со оружје, ликови и многу повеќе од тој период. Всушност, ова е она за што се зборува сега бидејќи францускиот сајт за игри Gameculte случајно објави статија во која го открива самиот датум на објавување на видео играта, објави Pubity.
Се разбира, Французите брзо ја отстранија оваа вест од страницата, но фановите ја забележаа и беа воодушевени. И Nvidia го сподели видеото, но тоа трае само 12 секунди.
Играта ќе биде достапна на различни платформи, вклучувајќи PC, PS5 и Xbox Series X/S, што ќе ја прави достапна за помладите гејмери кои сакаат да се нурнат во ново поглавје од иконскиот наслов.